Од АД Галеб информираат дека од 04.09 2017 година,нe по наша вина,не ќе сме во можност да вршиме бесплатен ученички превоз бидејки договорите за превоз на ученици од основните училишта се истечени од 10 06 2017 а постапките за набавка на услуга-превоз се поништени.
Галеб АД Охрид доби барања од Основните училишта во Општинава ДА СЕ УСКРАТИ БЕСПЛАТНИОТ ПРЕВОЗ НА УЧЕНИЦИТЕ-ОСНОВЦИ.
Поради тоа а со желба да избегнеме непријатни ситуации и инциденти ги информираме сите родители и сите ученици на кои им следи таков превоз дека Галеб АД Охрид од понеделник 4-ти Септември превозот на ученици ќе го наплаќа по редовни цени,како и за сите други патници
Исто така апелираме и до Основните училишта да ги информираат своите ученици и нивните родители за новонастанатата ситуација, информираат од АД Галеб.