Месец септември е почеток на т.н „ѓупско лето“ во Охрид.
Ова е периодот во годината кој многумина повеќе го сакаат и од самото лето. Плажите се празни, езерото мирно, градот воздивнува од летните гужви, музики, турканици и галама.
На плажата мир и тишина, период за полнење батерии. Синото езеро беспрекорно чисто, бистро…. Кој бил во Охрид во септември знае дека тогаш е вистинскиот одмор, момент за допир и шепот со волшебната природа….
Овој септември според метеролозите ќе има убаво пријатно топло време кое ќе дозволи да се ужива во Охридското езеро. Претежно сончево денови со доумерена облачност со просечни температури до 25 степени. Ваквото време се оечкува да се задржи до 20 ти септември.