Истепано малолетно дете, тројца охриѓани тепале 43 годишен маж

Две нарушувања на јавниот ред. Истепано малолетно дете, тројца охриѓани тепале 43 годишен маж. 

 

На 14.05.2022 година во 21,30 часот,36 годишна охриѓанка , во надлежната полициска станица пријави дека нејзиниот малолетен син, на 13.05.2022 година околу 21 часот на плоштадот „Крушевска Република“ во Охрид, бил физички нападнат од две лица. СВР Охрид презема мерки за расчистување на случајот по што ќе поднесе соодветна пријава.

Во друг случај три лица тепале 43 годишен охриѓанец. 

На 14.05.2022 година околу 11 часот, на улицата „Спас Банџов“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од И.А., Е.А. и А.А. од Охрид,  врз 43 годишен охриѓанец. Против напаѓачите, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.

Social profiles