Иван Лотески е среќниот фаќач на крстот во Охрид

Иван Лотески од населбата Варош е среќниот фаќачот на Светиот крст во водите на Охридското езеро.

Тој беше најсреќен меѓу стотиците капачи во трката во ладните езерски води на температура од 6,5  степени Целзиусови.

Лотески втор пат го фаќа светиот крст. 

Инаку децении наназад крстот го фаќаат луѓе од Варош. Илјадници верници од земјава и странство утрово беа дел од најголемата црковно народна манифестација во земјава, што традиционално се одржува во Охрид. 

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани