Иванов: Авторите на договорот од Преспа покажуваат елементарно непознавање на Балканската историја

Византија одбива да и даде легитимитет на Самоиловата држава,  исто како денес Грција на современа Македонија. 

Авторите на договорот од Преспа покажуваат елементарно непознавање на Балканската историја или загрижувачка индиферентност кон сложените процеси на грабање балкански идентитети, истакна претседателот Горге  Иванов споредувајќи ја македнската држава денес со некогашната Самоилова држава.

Иванов обрајќајки се на првата  национална конференција за византологија и медиевистика на тема „Самоиловата држава-1.000 години потоа“, што денес се одржа во Охрид ги  повика историчарите да пишуваат коректна историја и да не  ја менуваат постојната.

-„Договорот од Преспа има за цел од нас да направи фуснота во нечија туѓа верзија на историјата и со тоа да го затвори поглавјето за самоопределување на македонкскиот народ и неговата суверена и независна република Македонија. Исксутвото покажа дека сите рпоблеми на Балканот настануваат тогаш кога политичарите се занимаваат со историја а историчарите со политика.  Да не дозволиме некој да  создава политички некоректна историја. Да не дозволиме некој да ни ја ограничува академската слобода и да не цензурира.Цензурата е дете на стравот и мајка на незнаењето“, истакна претседателот Горге Иванов.

Иако државата на Самоил суштински се разликувала од Византиското царство, тој бил цар крунисан во  Рим,   до ден денешен се` уште  се дебатира во науката дали Самоил бил македонец, Бугарин или византиец.

-„Самоиловата држава несомнено била нова творба која ја формирале комитите  синовите на комитот Никола Давид, Мојсеј,  Арон и Самоил. Втората половина на 10 век на територијата на Македонија. Големиот  белградски византолог Острогоски има напишано дека и според составот и според карактерот ова било ново царство но поради разни причини оваа спомената држава која била царство предизвикува голем број на научни контраверзии поврзани со нејзиното олитичко уредување, етничка атрибуција државно правни односи нејзината црква нејзина материјалнаи духовна култура“ истакна  Тони Филипоски претседател на КВМРМ.

На денешната конференција  по повод  1000 години од крајот на Самоиловата држава ќе дебатираат четириесеттина византолози, медиевисти, историчари, археолози, историчари на уметноста, теолози, лингвисти, музиколози и класичари, кои се занимаваат со проучување византиското културно наследство и средновековната историја на Македонија.

Новинар Соња Рилковска

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани