Избрана новата влада на чело со Мицковски

Со 77 гласа „за“, 22 „против“ и ниту еден воздржан Собранието вечерва ја изгласа владата која ја предводи премиерот Христијан Мицкоски. „За“ гласаа пратениците од коалицијата предводена од ВМРО – ДПМНЕ, Коалицијата „Вреди“ и ЗНАМ а против беа пратениците од СДСМ и Левица. Пратениците од коалицијата „Европски фронт“ ја напуштија седницата половина час пред гласањето.

Тој најави високо темпо на работа уште во првите 100 дена од мандатот, привлекување на инвестиции и резултати кои ќе бидат видливи за граѓаните. Подобар стандард, повисоки плати и функционални институции беа дел од приоритетите кои ги наведе од собраниската говорница.

„ Затоа во првите 100 дена почнуваме фуриозно, со оптимизам, но и со огромна надеж, ќе ги намалиме даноците, ќе ги зголемиме пензиите, ќе отпочнеме проект со над 200 милиони евра за општински проекти, 1 милијарда евра за македонската економија, нови странски инвестиции за нови вработувања, бесплатни учебници за сите, фронт против корупцијата, борба за раст до 5 проценти на македонската економија, почеток на капитални инфраструктурни проекти и многу други работи“, рече Мицкоски.

Кабинетот на премиерот Мицкоски ќе бори 24 члена вклучувајќи го и него. Владата ќе има 20 министерства и 3 министри без ресор, четворица вицепремиери и еден прв вицепремиер. Во Владата 15 министри и премиерот се од редовите на ВМРО – ДПМНЕ, шестмина се од коалицијата „Вреди“ а двајца од „ЗНАМ“.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани