Изложба: „Ликот и делото на Св. Кирил и Методиј“

Утре – четврток 23 мај во пресрет на 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј во охридската библиотека од 13 и 30 часот ќе биде отворена изложба на литература посветена на животот и делото на просветителите. 

 

-„Во истиот термин во соработка со Средното економско училиште „Св Кирил и Методиј“ од Охрид кое го слави патронот ученици од училиштето ќе читаат стихови и проза од и за просветителите.
Професорката по македонски јазик од истото училиште Марија Симјаноска ќе одржи предавање посветено на мисијата на солунските браќа и нивното значење за нас и за целиот словенски свет“, информираат од градската библитека. 

 

Инаку, денеска во 12 часот во НУ. Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид во организација на Почесниот конзулат на Руската Федерација д-р Ана Комарова ќе се одржи предавање за Свети Јован Шангајски и Сан Франциски, чудотворец и голем подвижник од 20 век.

 

Д-р по науки Комарова ќе говори и за неговата врска со Македонија и македонскиот народ.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани