Изложба – „Митско-библиски асоцијации“

Во просториите на Куќата на Робевци во Охрид,на 7 јуни 2019 година,беше отворена изложба на уметнички фотографии од Анастас Ќушкоски од Вевчани на тема „Митско-библиски асоцијации“.

За Митско-библиските асоцијации“зборуваше писателот Славе Ѓорго Димоски,кој истакна дека човекот отсекогаш бил опседнат со тајните на природата па така и авторот на овој сликопис.

-„Тој,преку имагинативната моќ на својот фотообјектив,во него препознава и открива митското,божественото,религиското,па дури и човековата реинкарација.Притоа,секоја една необична форма во дрво или камен,може да побуди асоцијација на страдањата од Богочовекот,да се јават реминисцентни слики од крвавата палета – како божји претсказанија,синовиденија,опомени за човекот.
Тој широк спектар на фантасмагорични претстави може да се отслоика и во човековата потсвест.Па така,од реалниот свет се добива нова естетско – визуелна димензија што во случајов е претставена преку овој циклус на фотографии наречен „Митско-библиски асоцијации“истакна Славе Ѓорго Димоски.

Додека пак,за автобиогравскиот дел на Ќушкоски зборуваше истакнатиот македнски писател Мирко Томоски,кој во своето излагање истакна:

-„Анастас Ќушкоски е роден 1942 година во Вевчани.Има завршено Економски факултет во Прилеп.На културната јавност и е познат како драмски автор,сценарист,режисер,поет,истражувач,но и како пасиониран фотограф.Со фотографија се занимава од 1957 година,а перманентно од 1980 година.Досега приредил преку 25 самостојни тематски изложби во земјава и во странство.За сиот тој труд има добиено повеќе признанија и награди,потврди Томоски.
Во преполнатиот изложбен дел во куќата на Робевци,на присутните кратко се обрати авторот,кој се заблагодари за масовната посета на љубителите на уметничката фотографија“

автор СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани