Измени во законот за заштита од пушење

Дел од пратениците на владејачката СДСМ  втор пат ќе се обидат да се направат измени во Законот против пушење.

Во надворешните тераси на рестораните и кафулињата, без разлика на временските услови – да може без ограничувања да се пуши. Да се има дозволена соба за пушачите во јавните објекти и тоа најмногу до 30 отсто од просторот, а во сите простории ќе останат ознаките за забрането пушење. Ова е дел од предложените измени во Законот за заштита од пушење, кои треба да се усвојат по скратена постапка.

Според предлагачите на измените  со строгите мерки во сегашниот закон, намалена е работата на угостителите, а со тоа се зголемени отпуштањата од работа. Дополнително, наведуваат дека угостителскиот сектор доживува драстичен пад на прометот и тоа околу 75 проценти, особено во зима, доцна есен и рана пролет, период кога угостителите се дополнително оптоварени со зголемени режиски трошоци.

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани