Изведена првата лапароскопска операција на бубрег во Охрид

Изведена првата лапароскопска операција на бубрег во Охрид 

Тимот на уролози (Др. Мостро, Др. Симоноска, Др.Јован -анестезиолог) под раководство на Др. Горан Балевски, денес за првпат изведе лапараскопска операција врз пациент од Битола, каде што беше рецесиран долниот пол на бубрегот поради циста. Пациентот постоперативно се чувствува добро и после 24 часа може да биде испишан од уролошко одделение и да си оди дома. Благодарност на целиот тим на Урологија и на Анестезиологија.  Со оваа операција се отвора ново поглавје за лапараскопски интервенции во Охрид и околината, за што целиот персонал при ЈЗУ Општа Болница Охрид е посебно горд, пишуваат од охридската болница.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани