Јован од Охрид го истрча Белградскиот маратон во спомен на Димитар Матилоски

Јован Пепелко од Охрид го истрча Белградскиот маратон во спомен на Димитар Матилоски. Низ белградските улици тој трчаше со маица со ликот на 26 годишниот Димитар, кој беше убиен на Новогодишната ноќ 2016 година. Целта на овој потег на другарот на Димитар, е никогаш да не се заборави и да не се повтори ваква трагедија.

Инаку, осум години по убиството на 26 годишниот Димитар Матилоски од Охрид, убиецот- српскиот турист Бојан Угреновиќ од Кралјево се уште е на слобода.

Мајката на момчето кое беше претепано на смрт, после банална расправија во кафуле на Новогодишната ноќ 2016 година, бара правда. Вели, поминаа осум тешки години, исполнети со неизмерна болка и тага, а убиецот, кој е осуден на 16 години затвор е недостапен за органите на прогонот.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани