Здружението Рупикапра МТБ потпиша договор за соработка со Амбасадата на СР Германија со кој доби значајна донација за најновиот проект ,,Патеки на откривање”.
-Проектот ќе го имплементираме во општина Дебрца. Со овој проект ќе се овозможи маркација и унапредување на велосипедските патеки на планините Караорман, Стогово и Илинска планина.Целта на проектот е развивање на одрлжлив еко-туризам и унапредување на заштитата на животната средина. Благодарност до Амбасадата на Сојузна Република Германија и Н.Е. Петра Дрекслер за довербата и поддршката со која се овозможува значителен придонес во одрлжлив развој на нашата заедница, изјави Душко Кутиноски претседател на Здружението за планински велосипедизам Рупикапра МТБ .