ЈП „Билјанини извори“ со поддршка за лекувањето на Сара

ЈП Билјанини Извори во соработка со Црвен крст Охрид и Р.К. Охрид се приклучува во акцијата за помош на нашата 15-годишна сограѓанка Сара Настеска, кај која неодамна е дијагностицирана болеста Anemia Aplastica.

По тој повод утре 20. 10 (сабота) Спортска сала Билјанини Извори пред почетокот на ракометното езерско дерби 19:30 помеѓу Р.К. Охрид и Р.К. Струга ќе се постават кутии за донирање на финансиски средства во знак на поддршка на нашата Сара Настеска. ЈП Билјанини Извори и соработниците Ве повикуваат во што поголем број да ја поддржите акцијата и на таков начин да помогниме во собирањето на потребните финансиски средства се со цел во најкраток рок нашата Сара да се упати на лекување во детската клиника во Германија, информираат од ЈП „Билјанини извори“. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани