Татко со кундак од пиштол го тепал синот

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „телесна повреда при вршење семејно насилство“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против С.Е.(50) од струшкото село Подгорци. 

Тој, казненото дело го сторил на 30-ти минатиот месец во семејната куќа во селото кога, започнал вербална расправија со неговиот син О.Е. по што и физички го нападнал. Во момент на видна агресивност, сега пријавениот извадил пиштол и со кундакот го удрил својот син во пределот на главата нанесувајќи му телесни повреди, информира портпаролот на СВР Орид Стефан Димоски.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани