Јубилеј 50 години автокефалност на Македонската православна црква– Охридска архиепископија

Со свечена академија, што вчера попладне  се одржа во Охрид,достоинствено беше одбележан јубилејот 50 години автокефалност на Македонската православна црква– Охридска архиепископија.

 

Пред присутните свое обраќање имаше Архиепископот Охридски и Македонски г.г.Стефан и Митрополитот дебарско кичевски Владиката Тимотеј.

Одуката за прогласување автокефалност на МПЦ Светиот синод ја донесе на третиот црковно-народен собор и свечената седница одржана на 17 јули 1967 година во црквата „Св. Климент Охридски“ во Охрид. Чинот на прогласувањето на автокефалноста на МПЦ беше извршен со Светата архијерејска литургија одржана два дена подоцна во црквата „Св. Богородица Перивлепта“ во Охрид. На 12 ноември 2009 година Македонската православна црква во своето име додала- Охридска архиепископија, како директна наследничка на старата Охридска архиепископија.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани