Како изгледаше старата охридска автобуска станица?

Повозрасните се сеќаваат а помладите нека знаат. Вака изгледаше старата автобуска станица во Охрид.

Старата автобуска станица во Охрид се наоѓаше во строгиот центар на градот на просторот помеѓу улиците „Партизанска“ и „Димитар Влахов“ веднаш до белата зграда на некогашната Пошта или денешен Македонски телеком-Т мобиле.Автобусите доаѓаа од булеварот „Туристичка“ по „Македонски просветители“ и „Партизанска“. Денеска, на овој простор се наоѓа стамбено-деловен комплекс, чија изградба заврши во 2008 година. Фотката позајмена од ФБ профилот на Никола Чорбески-Охрид слики од минатото, буди спомени на едно одамна изминато време,според многумина „убај времиња“ и предизвика интересни коментари. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани