Специјални авиони за гаснење пожари-канадери , утрово околу 7 часот се вклучија во гаснењето на големиот пожар над струшкото село Делогожда.
Два „Канадери“ полнат вода од езерото и потоа големата водена маса ја испуштаат над опожарените подрачја на Делогожда, Поум и Татеши.. Пожарот е локализиран но направена е голема материјална штета и изгорени се околу 50 хектари борова, дабова и букова шума. Вистинска драма се случувала вчера на месноста „Бегова шума“ и околината на селата каде избувнал пожарот. Огнените јазици се ширеле со незапирлива брзина во што голема улога имал и ветерот кој дувал силно и го ширел огнот. Во ганењето на пожарот и во одбрана на посевите и куќите од селата се вклучиле пожарникарите од Струга, Охрид, Дебар и Битола но и околу 1000 жители на селата. Тие храбро и со сите средства гаселе и не дозволувале огнот да ги уништи имотите.