Од 1 јули поевтина струја

Од 1-ви јули цената на електричната енергија поевтинува за 0,25 проценти, реши Регулаторната комисија за енергетика.

 

Регулаторната комисија за енергетика на денешната подготвителна седница ги разгледа предложените одлуки за нови регулирани цени и тарифи за електрична енергија кои ќе важат од 1-ви јули годинава. Со нив се предлага зголемување на производствената цена на ЕЛЕМ за 0,05% во однос на сегашната цена. На преносниот оператор МЕПСО тарифата за пренос му се намалува за 6,3 отсто.

Операторот на дистрибутивниот систем ЕВН- Електро дистрибуција, тарифата му се намалува за 5,89 проценти додека на ЕВН- Снабдување наместо бараното зголемување за 6 отсто му се одобруваат само 0,1 проценти пишува Нова Македонија. 

Според пресметките на Регулаторната комисија овие промени во тарифите ќе резултираат со намалување на просечната цена за крајните потрошувачи на регулираниот пазар, односно домаќинствата за 0,25 проценти во однос на досегашната цена.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани