Охридскиот композитор и гитарист со светска слава, додека беше дел од џез фестивалот во Тајланд одржа и работилница за тајландските студенти по музика.
Македонскиот џез/соул/фанк музичар Владимир Четкар настапи на најпопуларниот џез фестивал во Тајланд „Хуа Хин Џез Фестивал“ кој се одржа на 24 и 25 јуни во монденскиот тајландски туристички центар Хуа Хин. Таму беше пречекан као вистинска светска ѕвезда, односно онака како и заслужува.
Покрај настапот на фестивалот им одржа лекција и на тајландските студенти.