Капачите на Водици да бидат внимателни, водата е 6,5 степени

Температура на водата во Охридското езеро е   6,5 степени Целзиусови.

Според метеролозите годинава на празникот Водици се очекува температурата на водата и воздухот да бидат речиси идентични. 

Спасувачките екипи на Црвениот крст Охрид и нуркачите од „Амфора“ ќе се грижат за безбедноста на стотиците капачи, кои на празникот Богојавление Водици ќе пливаат во Охридското езеро. 

Капачите мора да бидат претпазливи во вода да се задржуваат кратко од 3 до 5 минути, бидејки има опасност од хипотермија. 

Во сабота во 10 ч на градското пристаниште за празникот Водици ќе се  одржи   најмасовната црковно народна манифестација во земјава.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани