Охридската полиција поднесе пријава на крадец од кавадарци и на охриѓанец кој „на црно“ си изградил куќа.
Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против И.С.(37) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело, “тешка кражба“ и три кривични дела “тешка кражба во обид“. Во периодот од 26 минатиот месец до 10-ти овој месец на подрачјето на Охрид, во четири стана, пријавениот, со употреба на подесен алат делувал влегувал внатре и од еден од становите одзел 24.000 денари, 300 евра и златен привезок.
Денеска охридската полиција поднесе кривична пријава против Р.А.(57) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторенo кривично дело “бесправно градење“. Во текот на 2018 година во Охрид на улицата ,,Абас Емин”, пријавената како инвеститор и изведувач, изградила семејна куќа, без одобрение за градба.
