Казна за угостителски објект, затекнати малолетници.
-На 16/17.03.2024 година, на подрачјето на Охрид, извршени се акциски контроли во повеќе угостителски објекти. Во 00.40 часот, во еден локал лоциран на булеварот „Македонски просветители“, констатирано е дека има присуство на малолетни лица по 24 часот, поради што е изготвен записник и против одговорното и правното лице ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрди Стефан Димоски.