Казнети алкохолизирани возачи во Охрид

Викендов силни сообраќајни контроли и многу казнети возачи.

Со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот, на 03.04.2021 година од 18 до 22 часот, на подрачјето на СВР Охрид беа преземени засилени акциски контроли. Притоа, извршена е контрола врз 49 патнички моторни возила пришто, полициските службеници во Охрид регистрираа и санкционираа 03 лица кои управувале моторно возило под дејство на алкохол, 03 моторциклисти кои не користеле заштитен шлем и 07 возачи кои сториле неправилно паркирање, информира портпаролот на СВР Охрид м-р Стефан Димоски.

Димоси додава дека во Струга, поради непрописно паркирање автомобил на коловоз, подигнати се 05 возила, во Кичево, регистрирани се 11 прекршоци и 01 одземање на моторцикл а во Дебар, евидентирано е едно лице кое управувал возило со помината важност на возачката дозвола.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани