Се вршат контроли врз автобусите, се казнуваат пијаните возачи.
Во периодот од 16 до 18 февруари оваа година, на подрачјето на СВР Охрид се реализираа повеќе сообраќајни акциски контроли. Притоа, полициските службеници контролираа вкупно 314 патнички и други моторни возила (Охрид-83, Струга-89, Кичево-82 и Дебар-60), вкупно 144 возачи беа алкотестирани (Охрид-40, Струга-56, Кичево-28 и Дебар-20) пришто, кај вкупно 13 возачи на моторни возила беше констатирано присуство на алкохол во крвта (Охрид-3, Струга-1, Кичево-5 и Дебар-4). Тие веднаш се исклучени од сообраќај и одземени им се возачките дозволи, информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

-На подрачјето на Кичево, беше извршена посебна контрола на возила кои вршат јавен превоз при што беа контролирани 34 автобуси и беа упатени во станиците за технички преглед. Кај пет автобуси биле констатирани одредени технички неисправности а еден автобус веднаш е исклучен од сообраќај, изјави портпаролот Димоски. Тој посебно нагласи дека по овие, но и по други одредби од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата, полициските службеници издале вкупно 24 мандатни платни налози и 14 барања за поведување прекршочна постапка.
Акцискате контроли се спроведени со цел подигнување на степенот на безбедност во сообраќајот и доследно почитување на одредбите од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата и континуирано ќе се реализираат на целото подрачје.

