Ќе има долго „ѓупско лето“ за охриѓани

Прдолжува топло и сончево време, а со тоа долго и мирно „ѓупско лето“ за охриѓани.

 

Септември е месецот резервиран за одмор, спорт и рекреација на брегот на Охридското езеро во кој уживаат охриѓани. Временските прилики дозволуваат, топло време ќе има до крај на септември.

Времето денеска ќе биде претежно сончево, со мала локална облачност , информираат од управата за хидрометеоролошки работи.

Во текот на ноќта ќе биде претежно ведро и ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 16, а максималната од 26 до 33 Целзиусови степени.

До среда ќе се задржи претежно сончево и топло време. Дневните температури ќе бидат високи за овој период од годината. Од четврток времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени локални врнежи од дожд, а температурата ќе биде во опаѓање.

Но радува тоа што повторно во сабота следува раведрување и топло време со температура до 25 степени. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани