Како резултат на активностите во рамките на кампањата за Неделата на борба против гладта кои во организација на Црвен крст Охрид се одвиваа од 16-22 Октомври и хуманоста на охриѓани деновиве се врши распределба на хуманитарните пакети со прехрамбени производи и средства за хигиена, на ранливата категорија на граѓани со низок социјално-економски статус.
Кампањата ја оценуваме како успешна и упатуваме благодарност до сите поединци, компании, здруженија, фирми, училишта и институции кои со својот придонес во оваа хуманитарна акција помогнаа во справување со секојдневните животни предизвици на повеќе од 200 социјално загрозени семејства од Охрид и Дебрца.
Наш партнер во кампањата за Неделата на борба против гладта и оваа година беше Општина Охрид и Градоначалникот Јован Стојаноски, кој денес, 06.11.2018 г. (вторник) во 11:00 ч. пред седиштето на Црвен крст Охрид, ќе подели хуманитарни пакети на 70 социјално загрозени семејства од Охрид.