Четирикатница ќе никне веднаш до Завод и Музеј во Охрид. Соседите на куќата каде ќе се гради новиот објект за кој веќе е издадено решение за градба, денес преку мирен протест побараа стопирање на истото.
Велат, револторани се што во време кога Унеско стого бара почитување на законите и Планот за управување со Охридскиот регион, флагрантно се крши законот за заштита на Старото градско јадро и ДУП,
„На 30 метри од овој објект се наоаѓа Завод и Музеј кој треба да ги спречи ваквите објекти. Охрид пред цел свет е претставуван со посебниот изглед на калето , а во строгиот центар на калето се издава решение за градба на 4 ката“, вели Климент Аиноски.
Уште пред десетина години се издале одобренија за градби неместо П – плус еден за П-плус три и се кршат законските одредби од страна на сите институции. Граѓаните обвинуваат дека се земаат погрешни коти со кои се менува габаритот и висината на објектот.

„ Одобрението за градба е незаконско затоа што од П плус 1, согласно ДУП се дава П плус 3 за стар објект кој кога ќе се руши треба да се изгради нов со ист габарит и висина Ова е класичен упад и терор од надлежните институции кои треба да вршат заштита на старото градско јадро. Амбиентот ќе се наруши , ќе се оштетат и заградат сите објекти на улицата. Во став 7 од Законот за заштита на старото градско јадро стои дека приземјето ќе е на 10 до 90 цм над патот, доколку земјената подлога е на ниво на патот. Сите објекти се 6 м под патот, а над улицата ретко која куќа излегува над пат“, вели Мирче Ристески, сопственик на куќа во овој дел од градот.

Со оваа барање се обратиле до Министертсвото за транспорт и врски, Управата за заштита на културното наследство, Завод и Музеј и Државниот инспекторат за градежништво, Апрелираат законите да важат подеднакво за сите.
„Од Министерството за култура добивме одговор да се повлечат издадените акти за градежни активности на објектот. Бараме доследно почитување на одредбите од Законот за Охрид и недволично толкување од институциите за условите за градба на објекти и инфраструктрни системи во старото градско јадро. Еднаш засекогаш да се престане моќници со пари да се изживуваат врз Охрид “, информира Наум Аиноски.
Жителите бараат да се запре изградбата на спорниот градежен објект. Тие стравуваат дека изградбата на четворокатницата може да предизвика и појава на свлечиште, оштетување на патот од тешката градежна механизација и на нарушување на статиката на околните куќи.
Од НУ Завод и Музеј Охрид велат „ги известиле сите надлежни органи за постапување по предметот согласно Законот и законската регулатива. Доколку од страна на Управата за заштита на културното наследство од Скопје од нив побараат да се изготват нови заштитни конзерваторски услови тие тоа ќе го направат по претходно поништување на издадените акти“.
