Ќе се одбележи Неделата на младите

По повод одбележувањето на Неделата на млади, која традиционално се одржува во периодот од 1 до 7 октомври, волонтерите од Клубот на Млади при Црвен Крст Охрид јавно ќе ја презентираат работата и активностите на клубот, посебен акцент давајќи на неформалното образование и негување на хуманите вредности.

Ова е одлична можност нашите млади сограѓани на 06.10.2018 (сабота) на Градскиот плоштад Св.Климент Охридски во Охрид, од 12:00 часот го посетат штандот на Црвен крст Охрид и дознаат повеќе за можностите за вклученост и учество на младите во општествено одговорните проекти и програми и начините за морално-етичко надградување на своите личности.

                Добредојдени се сите кои сакаат да уживаат во младоста, дружењето и забавата организирана од младите волонтери од Клубот на млади при Црвен крст Охрид и талентираните музичари од бендот Кукузел.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани