Во 2021 ќе е готов автопатот Охрид Кичево

Од 70 до 100 милиони евра ќе се заштедат со ревидирањето на проектната и техничка документација на автопатот Кичево – Охрид.

 

Ова го кажа Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев при увидот во градежните работи автопатот кој имаше сериозни потешкотии.

Анѓушев вели дека се потрошила скоро една година на средување техничка документација и неиспроектирани и незавршени проекти и се друго што не било испланирано, во смисла на клучки, тунели и регионални патишта за приклучување на населените места кон овој автопат но сепак сите проекти се доведени во доведовме во технички исправна состојба, пишува Фактор.мк. 

Ги намалиле цените меѓу кинескиот изведувач и македонските компании, разликата во цените претходно беше голема, над 50%, а сега таа е цена е намалена и ќе биде сведена на меѓународните фидик пропозиции, на околу 10%.

Од 70 до 100 милиони евра ќе заштедиме со сите погоре спомнати нешта, ќе направиме сериозна заштеда од првичните средства кои беа побарани до конечната вредност“-кажа вицепремиерот.

„Мислам дека вредеше да се почека и овој пат да се стави и технички и финансиски во исправна состојба, да не правиме непотребни и непродуктивни трошења на средствата од граѓаните на Република Македонија. Направивме широки консултации, вклучивме широки технички и финансиски тимови, за да бидеме сигурни дека тоа што го правиме и од технички и од финансиски аспект е издржано. Со новиот пред-анекс којшто се очекува да се усвои, дефинитивно ќе се решат сите проблеми, а тоа значи дека ќе се направи јасна динамика според која ќе се врши експропријација, ќе се направи јасна динамика која ќе се стави гантограм по којшто ќе се извршуваат работите на автопатот. Тоа значи дека никој нема да ги толкува работите слободно, истите ќе се извршуваат како што налагаат фидик пропозициите и како што налагаат техничките критериуми“, дополни Анѓушев.

За директорот на Јавното претпријатие Државни патишта, Зоран Китанов автопатот сега конечно ќе овозможи нормално функционирање на меѓуградската инфраструктура, движење на граѓани со новопроектираните приклучоци за регионални и локални патишта и секако ќе значи голем бенефит за функционирањето на стопанството на државата.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани