Меморандумот ќе биде потпишан денеска во тек на заедничката седница на владите на Република Македонија и Република Бугарија што треба да се одржи во Струмица.
Владата одобри проект меморандум за разбирање помеѓу министерствата за транспорт, информатичка технологија и комуникации на двете земји за намалување на меѓународните тарифи за роаминг за телекомуникациски услуги.Документот ќе биде потпишан утре во Струмица на седницата на владите на двете држави.
„Со овој документ министерствата се договараат да ги поттикнат мобилните оператори да склучат меѓусебни спогодби кои ќе доведат до трајно намалување на цените на мало на роаминг-услугите за крајните корисници. Во моментот цените се едни од највисоките во Европа – меѓу 2,99 лева и 6,99 лева за минута и речиси 25 лева за мегабајт“, соопшти Владата.
