Кандидатите за градоначалник на Охрид,денеска ќе потпишат Кодекс за фер избори.
Потпишувањето на Кодексот за фер и демократски избори што е иницијатива на Општинската ззборна комиисија, ќе се реализира денеска напладне во зградата на Општина Охрид, Ќе ја потпишат кандидатите за градоначалник на Охрид: Нихаил Трендафилов – Нанче од партијата Граѓанско-демократска унија, Митре Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, Константин Георгиески од СДСМ, Стевче Стевоски како кандидат на политичката партија Демократи и Џемал Мена од движењето „Беса“.Изборите за градоначалничката функција беа распишани поради ненадејната смрт на градоначалникот на Oхрид Јован Стојаноски, кој почина на 15 декември минатата година, а ќе се одржат на 21 април
