Ќе се проширува охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“.
Поради осумкратно зголемениот број на патници во изминативе десет години наскоро ќе започне реконструкција за надградба на терминалната зграда на аеродромот.
Целта е удвојување на капацитетот од вкупно 6 000 патници, поудобен престој , побрз и побезбеден проток.
.jpg)
– „Во таа смисла ќе ја зголемеме терминалната зграда, ќе го зголемиме бројот на чекинг дескови, со уште еден излез за летовите. На тој начин ќе ја зголемеме удобноста на патниците на охридскиот аеродром. Ако се се одвива според планот , ако течат административните работи глатко, се надеваме градежните работи да почнат оваа зима и дека до летната сезона ќе завршиме“, вели Алпер Ерсој генерален директор на „ТАВ Македонија“.
За прв пат во историјата од самото постоење до денес, аеродромот Свет Апостол Павле годинава достигна 300 000 патници. Интензвното зголемување на патничкиот сообраќај е резултат на експанзијата на мрежата на авиолинии. Со 53% пораст на патничкиот сообраќај во третиот квартал охридскиот аеродром беше рангиран на листата најброзрастечки аеродроми што не се во ЕУ.
.jpg)
„Да одбележиме една пресвртница во постоењето на охридскиот аеродром. Имено имавме 300 000 патници во текот на една година заклучно со минатиот викенд. Тоа претставува зголемување од 70% во споредба со минатата година додека пак во однос на изминатите 10 години тоа е зглемува од повеќе од 800%. Можеме да кажеме дека Охрид повторно станува атрактивна туристичка дестинација истовремено привлекувајќи многу голем број патници од соседните земји поради постоењето директни линии“, вели Ерсој.
Реконструкцијата на аеродромот „Свети Апостол Павле“ се очекува да заврши пред почетокот на летната сезона. Од охридксиот аердором денес се лета на 22 светски дестинации 14 од нив се сезонски од април до октомври, а осум редовни. Во текот на целата година од Охрид се лета за Цирих, Базел, Лондон, Меминген, Милано, Виена, Дортмунд и Малме.
Од идната година ќе бидат воведени уште две нови дестинации, а се очекува бојот на патници во 2020 да биде зголемен за дополнителни 35 %.
новинар Соња Рилковска
