Младите од Клубот на млади на Црвен крст Охрид денес во Едукативниот тренинг центар на Црвен крст Охрид во Велестово се подготвуваат за избор на лидер и заменик лидер на Клубот на млади кои во наредните две години ќе ги координираат и предводат активностите на младите во Црвен крст Охрид.
–„Со примена на посебно осмислени алатки и техники ќе се поттикнуваат и оценуваат креативноста, лидерството, организациските вештини и тимската работа, по што ќе се оценуваат најдобрите, за понатака во соодветен изборен процес да се избере лидер и заменик лидер на Клубот на млади на Црвен крст Охрид во период од 2019 до 2021 година“, информираат од Клубот на млади.