Кочоски најавува низа проекти за поубаво Вевчани

Вевчани се подготвува за туристичката сезона.

Се реконструираат мостовите на Вевчанските извори, се уредуваат локални улици, пешачките патеки и излетничките места. За продолжените празнични викенди кои се сметаат за репер за летната сезона Вевчани посетиле голем број туристи. 

Живописната општина на Јабланица плени со алтернативен туризам. Пешачки и велосипедски патеки и голем број етно ресторани каде гостите уживаат во традиционалната вкусна храна.

 „Во моментов поважни проекти кои се е уредување на неколку локални улици низ Вевчани и партерно уредување на Мултикултурниот центар. И тековно уредување на јавните површини, се подготвуваме за туристичката сезона, која можам да кажам дека веќе е почната. Имавме доста гости за продолжените викенди за Велигден и Први Мај. Вевчани беше слободно може да речам преполно, не само со гости од Македонија, туку и од странство, претежно од Србија“, вели Спасе Кочоски градоначалник на општина Вевчани.

Оштината ги исчисти и уреди пешачките рекреативни патеки, а се реконструираат и мостовите на Вевчанските извори.

-„Излетничкото место Јанков камен е спремно, исчистено, уредено Изворите моментално ги реновираме мостовите на Вевчанските извори. Ќе продолжиме со активност за одржување на Вевчани чисто“, додава Кочоски.

Пред сезона комуналното претрпијатие „Еремија“ ги расчисти сите диви депонии во околината на Вевчани, градоначалникот апелира за поголема грижа за животната средина.

„Тоа беа депонии околу Вевчанската река и уште еднаш сакам да им укажам на вевчанци дека тие диви депонии сами ги создаваме, а не некој од надвор. Мора тоа да престане тоа, Вевчани едовно го собира ѓубрето и кога бевме месна заедница Вевчани беше чисто. Еден апел да го одржиме Вевчани чисто, претежно околу Вевчанските извори, Вевчанската река и целата околина“, додава Кочоски.

Во тек се неколку нови проекти во Вевчани. Два проекти за реновирање на улици, еден за набавка на градежна машина – мини багер, набавка на канти за отпад и контејнери. Министертсвото за животна средина веќе одобри поставување на толотни пумпи во детската градинка и реновирање на кујната во градинката. 

Новинар Соња Рилковска

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани