И оваа туристичка сезона на охридското крајбрежје плажите ќе останат неуредени.
Агенцијата за просторно планирање не го изработи Планот за уредување на плажите. И после година и пол, се уште не е завршен овој процес.
Уредени плажи по сите еколошки стандарди се очекува Охрид да има идната сезона, вели градоначалникот Пецаков.
„Тоа што Охрид нема уредени плажи е катаклизма во секаква смисла на зборот. Тоа најдобро го покажа моето присуство на саемот за туризам во Белград, каде што тур операторите кои ги организираат туристичките тури кога ќе слушнеа за Охрид првата забелешка им беше таа. Не знам јас како ние ќе поминеме уште едно лето со неуредени плажи во смисла на привлекување на туристи. Охрид мора да има уедени плажи и тука не гледам дилеми, секако по точни правила и прописи“, вели градоначалникот Кирил Пецаков.
Градоначалникот вели УНЕСКО не бара слободни плажи Сите изградени плажи на брегот на езерото се направени со легални проекти на министерството за транспорт и врски.
„Унеско не бара слободни плажи, туку бара уредени. А што значи тоа, тоа значи да се поставени и уредени како што во моментот треба да ги црта, а не ги црта , а ќе ги црта Агенцијата за просторно планирање. И ќе кажи на територија на Охридско езеро треба да имаме 5/10/ 15 или 20 уредени плажи на таа и таа локација. Откако ќе биде урцртано во Планот за Охридско крајбрежје ние ќе ги издаваме“, додава Пецаков.
Оваа сезона уредени плажи ќе има само на просторот пред хотелските и угостителските објекти.
„Сите објекти ресторани, хотели веќе имаат побарано така да тој дел ќе е уреден. А оној кој што е празен сега поради рушењето не е возможно да се уреди за толку кратко време. Доколку постои некоја можност за објекти кои што се веќе постоечки да се реши н поинаков начин во смисла со урбана опрема тогаш тоа би го направиле. “, вели Пецаков.
Градоначалникот вели следната туристичка сезона плажите ќе бидат уредени со соодветни материјали и по препораките на Унеско.
Новинар Соња Рилковска