Горан Чашитовски од Охрид, е среќникот што доби JEEP COMPASS на добитен лоз.
Семејството Чашитовски од Охрид-Наташа и Горан, се среќните добитници на прекрасен автомобил JEEP COMPASS кој, Државна лотарија на Македонија во средата го додели пред Трговскиот центар Рамстор во Скопје, од каде што е купен добитниот лоз.Како што раскажале среќните добитници, Горан купил 4 инстанти кои не ги изгребал веднаш туку ги однел дома да ги изгребат заедно со својата сопруга Наташа. Четвртиот лоз му донел три исти симболи на автомобил кои му донесоа и JEEP COMPASS. Тие биле редовни играчи на игрите на среќа, а токму инстант лозот „Биди ВИП вози ЏИП“ е нивниот омилен инстант, затоа што се надевале дека еден ден ќе станат сопственици на еден ваков убавец.
Марјана Станојковска им ги предала клучевите на среќното место на државна лотарија на Македонија во трговскиот центар Рамстор, од каде што Наташа и Горан заминаа со својот нов автомобил и на сите им посакаа многу среќа во остварувањето на своите желби.
Инаку, инстант лозот БИДИ ВИП- ВОЗИ ЏИП во продажба е од 01.11.2018 година и како главна добивка нуди 10 автомобили JEEP COMPASS. Во игра се уште вакви автомобили , но и многу парични добивки, па не пропуштајте ја шансата за само 70 денари да возите нов ЈЕЕР COMPASS.


