Фекалии се влеваат во Охридското езеро.
По извршениот увид на инспекторите за животна средина утврдено е дека четирите препумпни станици се функционални, но поради дождовите, како и одведувањето на фекалните и атмосферските отпадни води во заедничка, наместо одделна мрежа, утврдено е прелевање на отпадните води дирекно во Охридското езеро.
Нефункционалноста на колекторот е еден од најголемите еколошки проблеми на езерото.
– Заштитата на Охридското Езеро е со највисок приоритет и затоа општините и Јавното претпријатие „Колекторски систем“ мора да добијат финансиски средства за целосна реконструкција и санација на канализацијата, колекторот и пречистителната станица. Во меѓувреме овие надлежни институции ќе бидат задолжени од Инспекторатот да реализираат итни мерки што ќе придонесат да се намали излевањето на отпадните води во врнежливи периоди, нагласуваат од Државниот инспекторат за животна средина..
Екологистите со години алармираат , дека е потребна изградба на нов колекторски систем , очигледно санацијата на псотојниот не дава резултати. Според нив недозволиво е во период кога регионот е на работ да биде ставен на листата на загрозени подрачја на Унеско да се излеваат фекалии и да се загадува Охридското езеро.
„Сега веќе колекторксиот систем го зеде владата јас мсилам дека ќе биде нешто да се изврши интервенција да се направи колекторксиот систем онака како што треба. Затоа што не може да ни се излеваат отпадни води во Охридското езеро. Ние може да го решиме овој проект, европпски пари има се прават проекти локалната власт треба да направи наппор реката Грашница да се пренасочи во реката Далјан , каде ќе се напправи нова пречистителна станица“, вели Лазе Наумоски еколог.
Од јавното претпријатие „Колекторски систем“, информираат дека минатата година била извршена санација на дел од колекторскиот систем и ревитализација на повеќе пумпни станици на источното и дел од северното крајбрежје. Очигледно тоа не е доволно, нефункционалниот колектор со децении е рак рана на Охридското езеро.
Новинар Соња Рилковска
