Колекторскиот систем во Охридското езеро не функционира.
Голем дел од непречистените фекални и отпадни води се влеваат во реката Црн Дрим и Охридското езеро.
Главната пречистителна станица во Враништа не функционира веќе осум месеци. Според добрите познавачи вон употреба се повеќето пумпни станици во Охрид и Струга.
-„ Колекторскиот систем е надвор употреба,но еве работиме секојдневно со нови пумпи, со реновирање на старите пумпи да го ставиме во функција. Со тоа што да го заштитиме Охридското езеро. Езерото се заштитува единствено преку колекторскиот систем“,изјави Рамиз Мерко градоначалник на Струга.
Владата најави дека ќе го превземе управувањето со колекторскиот систем.
-„ Владата за да го превземе колекторскиот систем треба и ние како општини Охрид и Струга да излеземе со конкретно решение. Кој, како и во колкав обем инвестиции се планирани , меѓутоа најбитно од се е на кој начин ќе продолжи стопанисувањето, значи кој ќе управува. Очекувам до септември најдоцна владата да донесе конечна одлука“, смета Јован Стојаноски-градоначалник на Охрид.
Колекторскиот систем е изграден пред 35 години за прифаќање,пречистување и одведување на отпадните води од двата града Охрид и Струга, со вкупен капацитет од 40.000 метри кубни дневно.
