Колев: Разочаран сум од реакцијата на Села

Разочараноста на претседателотот на ГДУ  е за вчерашниот инцидент со албанското знаме во Охрид.

„Искрено сум разочаран од реакцијата на господинот Зијадин Села и неговата партија во однос на вчерашниот инцидент со поставувањето на албанското знаме на Самуиловата тврдина во Охрид. ДПМНЕ и СДСМ не би ги коментирал, бидејќи тие немаат став по ова прашање. Кога ќе го изградат би било чесно да го споделат со македонската јавност“, истакна Колев.
– Владеењето на правото господа од двете партии нема како да биде предмет на изборни пазарења, но вие така не ја разбирате политиката. Впрочем и затоа сме на ова дереџе, изјави Колев на прес конференција.
Во реакцијата на Зијадин Села се вели: „Истакнувањето на албанското национално знаме на Самуиловата тврдина претставува ниту законски прекршок ниту опасност за никого, особено кога се знае дека во Северна Македонија, Албанците сочинуваат една третина од населението и се автохтон народ.“
– Ме зачудува фактот што опитен политичар како господинот Села не е запознат со законските регулативи во однос на употребата на знамињата на етничките заедници во Македонија, односно дека во Република Северна Македонија, Собранието има донесено закон за употреба на знамињата, државното знаме и знамињата на заедниците. Во него е определено дека на целата територија на Република Северна Македонија во официјална употреба е државното знаме, а покрај државното во единиците на локалната самоуправа каде што покрај Македонците живее и друга заедница која е признаена со Уставот, а претставува најмалку 50% од населението се употребува и знамето на заедницата, истакна Колев.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани