Конкурсот по повод Денот на таткото се уште отворен

Женскиот центар „Бисера“  информира дека годинава традиционалното одбележување на Меѓународниот ден на таткото ќе се одржи во Основното училиште „Свети Климент Охридски“, а по тој повод, во тек е литературно-ликовниот конкурс за учениците на тема „Татко“.

 

-„Денот на таткото ќе се одржи во ОУ „Свети Климент Охридски“
По повод одбележувањето на Меѓународниот ден на таткото 13 септември 2019 (петок) , Женскиот центар Бисера од Охрид објавува награден конкурс за ликовни и литературни творби на тема „Татко“.

На конкурсот можат да се јават ученици од сите основни училишта на територијата на Општина Охрид.

Ликовните и литературни творби треба да се доставуваат во своето училиште каде ќе бидат преземени од задолжен наставник од училиштето. Исто така, на конкурсот можат да учествуваат и најмладите од детската градинка „Јасна Ристеска“.

Конкурсот ќе трае до 10 септември 2019 година“, информираат од ЖЦ „Бисера“. 

Манифестацијата по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на таткото ќе се одржи на 13 септември во ОУ „Свети Климент Охридски “ во Охрид, со почеток во 18 часот.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани