23 годишникот заработил кривична.
Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Е.К.(23) од Призрен-Косово. При контрола извршена на 08.04.2021 година во 22:30 часот на магистралниот пат Охрид-Кичево кај селото Подмолје, полициски службеници сопреле патнички автомобил „Форд Фиеста“, при што констатирале дека пријавениот, кој бил во автомобилот, нема дозвола за движење за време на забрана за движење во периодот од 22 до 05 часот со цел заштита на населението од КОВИД- 19.
