23 годишникот од Призрен, кај Љубаништа предизвикал сообраќајка.
Синоќа во 17,40 часот, во СВР Охрид приведен е Е.К.(23) од Призрен-Косово.
– Тој, на регионалниот пат Охрид-Св.Наум, пред селото Љубаништа, управувајќи патнички автомобил, предизвикал сообраќајна незгода каде, по пристигнувањето на полициските службеници, се однесувал агресивно. Против него, поднесена е пријава во согласност со членот 13 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, изјави м-р Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
