Крадецот им го „украде“ сонот на жителите на Стар град

Крадецот им го „украде“ сонот на жителите на Стар град.

Вознемирени,  загижени и ненаспани. Вака со недели живеат жителите на Стариот дел на Охрид, откако крадец речиси секоја втора вечер „оперира“ низ нивните домови. Наместо мирно да спијат тие стражарат, се менуваат кој да дремне,  кој да седи буден на готовс да го варди домот од арамијата. 

Голем дел од нив имаа средба со разбојникот. Кај некои им ѕвонал на врата да прашува дали овде живее некоја личност со одредено име….Кај други им барал клешти и ножици за да му помогне на другар кој заглавил со автомобилот….. Кај трети едноставно им влегол дома со туристите правејќи се дека е турист….

Карактеристично  за него е тоа што бестрашно им се шета дома додека домаќините спијат. 

Им ја обива вратата, или им влегува преку прозор или балкон. Потоа без нималку страв им шета по соби. Им влегува во сплната соба и  додека тие спијат тој им краде новчаници, пари, телефони и лап топи. 

Кога некој ќе го забележи бега и умее да „исчезне“ низ куќите и дворовите па му нема никаква трага. 

Кај повеќето украде пари од новчаници и ташни. Во еден наврат ја украл платежната картица бидејки во новчаникот го имало и заштитниот пин, па од банкомат си извлекол поголема сума пари. 

При неколкуте кражби го затекнале и виделе очевидци, кои имаат кошмари и страв дека повторно ќе им дојде на „гости“. 

Сите го опишуваат како висок слаб со темна коса. Бараат помош од полицијата што поскоро да го пронајде и тргне од улица. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани