Кристина Крлеска Деспотоска нов претседател на ОО СДСМ Охрид.
-„Голема е честа која ми ја укажа претседателот Димитар Ковачевски и раководството на мојата партија. Голема е и одговорноста да се биде претседател на ОО на СДСМ Охрид.
Само заедно можеме да истраеме во новите предизвици што ги носи ова сериозно време. Посветеноста, искреноста, единството се водилките кон нашата заедничка цел!
Одиме понатаму, заедно!“, вели во изјава за Охриднет Кристина Крлеска Десотоска.
Крлеска е долгогодишен активен член на СДСМ и поранешен директор на ЈП Градски Пазар“Охрид.