Полицаецот бил нападнат од страна на 20 годишно момче.
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.С.(20) од Охрид.
– На 30-ти јули годинава, во 23,15 часот, на спортско рекреативниот центар во Охрид, кај него е пронајдена бела прашкаста материја. Потоа тој физички нападнал полицискиот службеник, соопшти Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.