Кривична пријава за жител на Шум, физички нападнал 10-годишно дете

ОВР Струга поднесе кривична пријава против 35-годишниот Ч.Д. од струшкото село Шум, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“, казниво по член 201-а од Кривичниот законик.

Според информациите од полицијата, пријавениот на 15 мај 2026 година, околу 12 часот, на локален пат во селото Заграчани, физички нападнал 10-годишно дете од истото село.

По целосно документирање на случајот, против него е поднесена соодветна кривична пријава.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани