Кривична за микс од марихуана и тутун

Двајца добиле кривична пријава.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Ѓ.(25) од охридското село Велестово и С.П.(21) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
На 26.04.2018 полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавените, при што пронашле и одзеле кујнска вага и мешавина од тутун и марихуана, соопшти Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид..

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани