Кривична за момчето што нападна полицаец

Нападот бил за време на ракометен натпревар.

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело ,,напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“, СВР Охрид до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против осумнаесетгодишник од Охрид.
Тој, казненото дело го сторил на шести април оваа година во спортско рекреативниот центар „Билјанини извори“ во Охрид за време на ракометен натпревар. Пријавениот, физички нападнал полициски службеник кој преземал мерки за спречување на нарушен јавен ред и мир помеѓу две навивачки групи, соопшти Стефан Димоски,портпарол на СВР Охрид.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани