СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.У(45) од Охрид, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „напад на службено лице при вршење работи од безбедноста“ .
Тој, на 26.01.2021 година на улицата „Амас Емин“ во Охрид, физички нападнал полициски службеник, кој преземал службени дејствија. Од страна на судија на претходна постапка, одредена му е мерка притвор во траење од осум дена, по што е спроведен во Казнено поправната установа „Затвор“ Охрид.
