Кривична за охриѓанец, не ја почитувал домашната изолација

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „непостапување според здраствените прописи за време на епидемија“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.М.(63) од Охрид.

-„На 18.03.2020 година, при извршена контрола на лица со мерка „здравствен надзор и домашна изолација“, полициските службеници констатирале дека пријавениот не се наоѓа во неговиот дом и не се придржува кон мерките за 14-дневна самоизолација.
Пријавениот, на 17.03.2020 година, кога со авионски лет од Холандија пристигнал на Меѓународниот аеродром „Скопје“, своерачно, под полна морална, материјална и кривична одговорност потпишал изјава дека доаѓа од земја која според Листата од СЗО е зафатена од коронавирус COVID – 19 и дека во времетраење од 14 денови во неговиот дом во Охрид ќе спроведе задолжителна самоизолација.
Пријавениот, со непридржување до одредбите во изјавата, ги прекршил мерките за самоизолација и постапил спротивно на прописите за спречување на појава, внесување, рано откривање, спречување на ширење и сузбивање на коронавирус COVID – 19, предвидени во одлуката на Владата и писмената наредба донесена од страна на Министерството за здравство“, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Последните денови има зачестени пријави од граѓани за одрдедени лица вратени од ризични земји кои наместо во самоизолација , слободно се шетаат низ градовите 

Од полицијата апелираат граѓаните да се придржуваат на препораките. Полицијата секојдневно ќе извршува контроли  и ќе ги санкционира сите кои го прекршуваат законот. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани